ЛИНОЛЕУМ

Линолеумот е повеќеслојна подна облога во ролна или плочи со дебелина од 2мм до 4мм, составен е од природни материјали 98% (био-базирани и минерални): масло од лен, брашно од дрво, смоли, плута, минерали и јута, меѓу кои 76% се брзо обновливи. Се одликува со мермерен дизајн или еднобоен со мат финиш. Линолеумот на Gerflor има површински третман наречен Neocare кој нуди одлична отпорност на гребење, како и отпорност на хемикалии како што се белило, хидро алкохолни раствори, бетадин, еозин и отпорност на траги од маркер што го олеснуваат одржувањето и го зголемуваат животниот век на линолеумот. Со овој третман се избегнува полирање во текот на целиот животен век на производот, но сепак може да се полира по вообичаените препораки и според желбите на клиентот.

LET'S WORK TOGETHER

We welcome you to contact us for more information
about any of our products or services.